Инспирација…

Идеја…

Изведба…

Помеѓу Вас и совршениот дом од соништата – HOME4U. Изберете модел, изберете боја, изберете материјали. Нашиот стручен тим ќе Ви помогне. Располагаме со висококвалитетни плочести материјали и оков за изработка на мебел од познати светски производители (EGGER, KESSEBOHMER, VIEFE и EMUCA).

Со најсовремена технологија во третирање на материјалите, HOME4U обезбедува најквалитетна изработка и реализација на секоја ваша замисла. HOME4U Ви нуди помош да ги реализирате вашите проекти при ентериерно уредување на индивидуални, деловни и јавни објекти. Со високоразвиена технологија за обработка и производство на плочести материјали се овозможува попрецизно, посовремено и побрзо реализирање на секој проект.

Со цел да се зголеми обемот на работа, а да се обезбеди поголема фабричка прецизност и поквалитететн дизајн HOME4U користи современ софтвер и компјутерски управувани машини. Со развивање на вашите креативни замисли HOME4U претставува врска помеѓу идејата и совршената реализација.

HOME4U – За ДОМ без мана

X